15.01.2024 Скопје

Американски воен авион собори противбродска крстосувачка ракета лансирана од јеменските бунтовници Хути од територијата на Јемен кон американски разурнувач распореден во јужниот дел на Црвеното Море, соопшти американската војска.

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во неделата на платформата X објави дека нема повредени и не е причинета штета.

ЦЕНТКОМ соопшти дека проектилот бил соборен во близина на јеменското пристаниште Ходеида.

Хутите претходно во неделата рекоа дека забележале американски авиони во близина на јеменскиот воздушен простор и крајбрежните области.

Портпаролот на Хутите, Мохамед Абдулсалам, изјави дека тоа е кршење на суверенитетот на Јемен.

Пропалестинските активисти протестираа во неделата на Кипар поради британската база која се користи за напади врз Хутите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *