31.01.2024 Скопје
Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, потврди дека САД ќе ѝ дадат на Украина бомби со висока прецизност и мал дијаметар како дел од Иницијативата за финансирање на Украина за безбедносна помош (УСАИ).
„Како што рековме минатата година, ќе и обезбедиме на Украина бомби со мал дијаметар, лансирани од земја, како дел од нашите напори да обезбедиме безбедносна помош за Украина. Сепак, поради оперативни безбедносни причини, нема да потврдиме конкретни временски рокови“, рече Рајдер.
Рајдер додаде дека не гледа никакви промени во Врховната воена команда на Украина по информацијата дека врховниот командант на украинската армија Валериј Залужни поднел оставка.
„Не гледам никакви промени. Очигледно, тоа е прашање на Украина и нејзините внатрешни прашања“, рече Рајдер на прашањето дали може да потврди промени во военото раководство на Украина.
Првата серија бомби со мал пречник Украина треба да ја добие веќе утре, речиси една година откако САД најавија дека планираат да ги достават до Киев.
Бомбите со мал дијаметар лансирани од земја имаат дострел од 90 милји (144 километри) и се произведени од Боинг.
Подготвено од А.Ѓ.