SVINSKO MESO

09.01.2024 Скопје

Примарната причина за оваа ненадејна забрана е откривањето на африканска свинска чума во македонското свинско месо. Албанските власти нагласуваат дека забраната ќе остане во сила до понатамошно известување.

Албанија на неодредено време го забрани увозот на свињи, свинско месо и сродни производи од македонска територија. Одлуката, објавена од албанското Министерство за земјоделство и рурален развој, е одговор на откривањето на случаи на африканска свинска чума во земјата.

Доколку Република Северна Македонија обезбеди сертификати со кои ќе се докаже дека свинското месо е безбедно и дека во него нема вирус на Африканска свинска чума, Албанија е спремна да ја преиспита одлуката за забрана на увоз на свинско месо од Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Д.

 

About Author