tajvan kineski turisti

11.01.2024 Скопје

Потенцијален вооружен конфликт околу Тајван, кој Кина го смета за свој регион, може да ја сруши глобалната економија за 10 отсто, или околу 10 трилиони долари.

Конфликтот во Тајван би имал огромни последици бидејќи тој кинески регион ги произведува повеќето напредни светски полупроводници.

Вкупната пазарна вредност на првите 20 компании кои купуваат чипови од тајванскиот гигант TSMC се проценува на 7,4 трилиони долари.

Тајванскиот теснец е една од најпрометните бродски ленти во светот и неговото затворање значително би влијаело на глобалната трговија.

Доколку Соединетите Американски Држави се вклучат во воен конфликт, економијата на тој регион би паднала за 40 отсто, БДП на Кина за 16,7 отсто, а американската економија за 6,7 отсто.

Во тој случај глобалниот БДП би паднал за 10,2 отсто, а најголема штета би претрпеле Јужна Кореја, Јапонија и земјите од Југоисточна Азија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author