25.01.2024 Скопје
Белата куќа денеска испрати писмо до членовите на Конгресот во кое ги повикува да ја одобрат продажбата на авиони и комплети за модернизација на Локхид Мартин Ф-16 во вредност од 20 милијарди долари на Турција.
Турскиот парламент во вторникот ја ратификуваше кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, отстранувајќи ја големата пречка за проширување на западната воена алијанса по 20 месеци одложувања.
Изворите велат дека писмото било испратено денеска и дека администрацијата во Вашингтон сè уште официјално не го информирала Конгресот за плановите за продажба.
Доцнењето на Турција со одобрувањето на ратификацијата беше главна пречка Конгресот да го одобри договорот за борбени авиони.
Конгресмените рекоа дека чекаат ратификација, вклучително и потпис на претседателот Реџеп Таип Ердоган, пред да одлучат дали да ја одобрат продажбата.
Во октомври 2021 година, Турција побара купување на ловци Ф-16 од Локхид Мартин за 20 милијарди долари и речиси 80 комплети за модернизација за нејзините постоечки воени авиони.
Лидерите на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат и Претставничкиот дом ја разгледуваат секоја голема странска продажба на оружје.
Тие редовно поставуваат прашања или изразуваат загриженост за човековите права или дипломатските прашања кои можат да ги одложат или запрат таквите договори.
Подготвено од А.Ѓ.