armija-na-makedonija

16.01.2024 Скопје

Армијата на Република Северна Македонија објави оглас за нови 300 професионални војници, притоа ги повикуваат сите млади луѓе да конкурираат на огласот и да станат дел од армијата.

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас. Младите лица кои се заинтересирани да се пријават треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

Платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000,00 денари, со дополнителни над 10.000,00 денари за станбено обезбедување.

Кандидатите кои претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војници и успешно ги поминале сите фази во постапката, а не биле примени на служба во Армијата, доколку од последните проверки, односно прегледи на кандидатите не поминале повеќе од девет месеци, не подлежат на проверка за физичка подготвеност и на здравствени прегледи.

Подготвено од М.Д.

About Author