https://www.flickr.com/photos/30478819@N08/50206090716

22.12.2023 Скопје

Откако здружението Превент предупреди дека се сомнева дека смртта на четворица корисници на дрога е предизвикана од употреба на фентанил, српското Министерство за здравство ги презеде сите расположливи мерки.

Здружението Превент предупреди на четири смртни случаи кај корисници на дрога за кои постои сомневање дека земале фентанил – хемиска замена за дрогата хероин. Според информациите кои ги споделија со Министерството за здравство на Србија, оваа опасна супстанца се појавила и во земјите од регионот.

Центарот за следење на дрога итно ги извести надлежните институции преку системот за рано предупредување да достават информации за регистрирани смртни случаи на корисници на фентанил како и податоци за појава или заплена на оваа опасна дрога на територијата на Србија.

Известени се Националниот центар за контрола на отрови, сите национални ограноци на Институтот за судска медицина, како и форензичкиот центар на Министерството за внатрешни работи и Царина. Свикан и одржан е итен состанок на владината комисија за психоактивни супстанци, при што е констатирано дека во цела Србија не е регистриран смртен случај предизвикан од фентанил и дека нема заплена, а според неофицијални информации од националните контакт точки , вакви случаи не се евидентирани ниту во Република Северна Македонија, БиХ и Црна Гора.

Фентанил е лек околу 50 до 100 пати посилен од морфинот и главно се дава на пациенти кои страдаат од екстремно силни болки, особено по операција. Освен што ја намалува болката, ја ублажува и анксиозноста и стресот на лицето кое го зема.

Тоа е лек каде и најмалите количини се фатални.

Но, во последниве години почна да се злоупотребува како синтетичка дрога и стана водечка причина за смрт од предозирање во Америка. Денеска е позната како „дрога за зомби“ која пристигна во Европа, вклучително и во Хрватска, каде се забележани првите смртни случаи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author