09.12.2023 Скопје
Рускиот извоз на течен природен гас (ЛНГ) во Шпанија од јануари до ноември се зголеми за 39 отсто на годишно ниво на 67.209 гигават-часови (GWh), покажуваат податоците објавени од шпанската енергетска компанија Енагас.
Во првите 11 месеци од оваа година, Русија е трет најголем извозник на течен природен гас во Шпанија, а потоа следат Алжир и САД, јави ТАСС.
Во ноември, Шпанија купи 6.439 гигават-часови течен природен гас од Русија, што претставува зголемување во споредба со 5.953 гигават-часови во ноември 2022 година.
Во 2022 година, Русија беше четврти најголем извозник на гас во Шпанија, а потоа следат САД, Алжир и Нигерија.
Подготвено од А.Ѓ.