15.12.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави договорот на лидерите на ЕУ за отворање преговори за членство со Киев како „победа“ за неговата земја и Европа.
„Ова е победа за Украина. Победа за цела Европа. Победа која мотивира, инспирира и зајакнува“, напиша Зеленски во објавата на социјалната платформа „Икс“.
Тој им се заблагодари на сите што работеа за да се случи ова, на сите што помогнаа и му честиташе на „на секој Украинец овој ден“.
Тој, исто така, и честиташе на Молдавија, на која исто така и беше одобрено отворање на пристапните преговори.
„Историјата ја пишуваат оние кои никогаш не се заморуваат од борбата за слобода“, заклучи Зеленски.
Подготвено од А.Ѓ.