protest na lekari portugalija

21.12.2023 Скопје

Министерот за здравство Меџити им порача на владините колеги дека нема да се откаже од барањето за трајно вработување на околу 2000 здравствени работници кои со години работат со договор на дело и дека нема место за компромис.

Меџити од Владата побарал и да се вработат млади специјализанти кои би биле распределени во градови каде што има недостиг на лекарски кадар, бидејќи како што вели тоа е единствениот начин да се спречи миграцијата и да се потполни дефицитот во болниците. Додека пак, заменикот на министер за финансии неодамна изјави дека министерството за здравство не може да дава зелено светло за вработување бидејќи ги нема запазено сите процедури за истото.

Здравствените работници својот револт го изјавија преку неколку протести и предупредија дека доколку не се реши проблемот во здравството истото ќе се соочи со дополнителен одлив на кадар.

Последната статистика од Македонското лекарско друштво покажува одлив на повеќе од 2000 доктори во последниве десет години.

Подготвено од М.Д.

About Author