14.12.2023 Скопје
Синоќа заврши групната фаза во Лигата на шампионите. Познати се сите учесници во осминафиналето. Црвена звезда синоќа против Манчестер Сити (2:3) почесно се прости од Европа, но генерално остави лош впечаток оваа есен.
Црвено-белите освоија најмалку бодови од сите учесници во овогодинешното издание на Лигата на шампионите. Со еден бод против Јанг Бојс (2:2), со пет порази имаат најлош учинок од сите екипи. Зад Звезда со по два бода беа Севиља и Унион Берлин.
Во осминафиналето се пласираа: Баерн, Копенхаген, Арсенал, ПСВ, Реал Мадрид, Наполи, Реал Сосједад, Интер, Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Манчестер Сити, Лајпциг, Барселона и Порто.
Во понеделник ќе се одржи ждрепката за осминафиналните двојки закажани за февруари. Големото финале ќе се игра на Вембли на 1 јуни.
Подготвено од А.Ѓ.