ladno vreme

25.12.2023 Скопје

Од почетокот на мерењата во 1951 година во главниот град на Кина, Пекинг, е забележан најстудениот декември.

Пред само шест месеци во Пекинг е забележан најтоплиот јунски ден досега, измерената температура беше нешто повисока од 40 степени Целзиусови. Овој месец во главниот град на Кина температурите често паѓаат под минус 10 степени.

Оваа зима Кина беше погодена од неколку бранови на екстремно студено време. Исто така, и Јужна Кореја се соочи со ниски температури, додека пак големо количество на снег падна во делови од северна Јапонија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author