sardinija nedostig na lekari

11.12.2023 Скопје

Денеска заменик министерката за здравство Маја Манолева изјави дека Владата на Република Северна Македонија во изминатиот период многу вложуваше во здравствените работници и во тоа што значи вработување на здравствени работници, но истовремено и со упатување на здравствените работници на соодветна едукација.

Во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Кочани, заменик министерката за здравство Манолева истакна дека за периодот од 2017 до 2023 година на специјализација вкупно се упатени 1.300 лекари, дополнително на тоа уште 500 на супспецијализација што е висока бројка, која што споредена од периодот од 10 години претходно од 2006 до 2016 година од само 700 специјализации за 10 години покажува дека навистина се вложува во здравствените работници во Република Северна Македонија.

При денешната посета на Кочани во придружба на заменик министерката за здравство Маја Манолева присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Манолева посочи и дека веќе имаше една група на нови вработувања во Клиничката болница Штип.

Подготвено од М.Д.

About Author