07.12.2023 Скопје
Новогодишната елка на киевскиот плоштад Света Софија, пред истоимената катедрална црква, за прв пат беше осветлена на 6 декември, кога верниците кои го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар го одбележуваат Денот на Свети Никола.
Голем број луѓе се имаат собрано на еден од омилените плоштади во Киев за да бидат сведоци на палењето на елката.
Ова е првпат Свети Никола да се слави според новиот Грегоријански календар, промена што ја одобри верското раководство во Украина за да се огради од религиозната практика во Русија.
Домаќинката Олесија Полиарош рече дека, иако ситуацијата е таква што не е за славење, тие и покрај се го почувствувале божиќниот дух.
Присутните на плоштадот рекоа дека се согласуваат со изменетиот датум: „Не треба да имаме ништо заедничко со таа земја“, изјавија на плоштадот.
Инаку, светилките симболично ги вклучи градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, велејќи дека елката е финансирана од приватни донации за да се доделат државни пари за армијата.
Подготвено од А.Ѓ.