26.12.2023 Скопје
По минатогодишните немири на улиците на главниот град на Германија, Берлин, и неодамнешните антиизраелски демонстрации, полицијата во Берлин планира големо распоредува за новогодишната ноќ.
Началничката на берлинската полиција Барбара Словиќ изјави дека ова е најголемата полициска акција на новогодишната ноќ во последните неколку децении.
„На новогодишната ноќ ќе бидат распоредени меѓу 2.000 и 2.500 берлински полицајци“, истакна Словиќ, потенцирајќи дека истовремено, бројот на патролни возила ќе се зголеми од 150, што е вообичаено ноќе, на 220.
„Дополнително, 500 федерални полицајци ќе бидат распоредени на железничките станици“, додаде таа.
Минатата година во одредени квартови на Берлин и други поголеми германски градови, покрај вообичаениот огномет на улиците, беа фрлени и многу петарди, а евидентирани се и напади врз полицајци, пожарникари и болничари.
Подготвено од А.Ѓ.