01.12.2023 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека парламентарните избори на 17 декември нема да се одржат во српските области на Косово бидејќи косовскиот премиер Албин Курти „не сака“ да им овозможи на Србите да имаат основни и природни права.
„Избори во српските заедници нема да има бидејќи Курти не сака да им го дозволи на Србите природното право што треба да го имаат. Западот ќе каже дека нема можност да изврши притисок врз Курти.. Веќе имаше изјава од портпарол на ЕУ и тоа е тоа“, истакна Вучиќ во Дубаи, каде што присуствува на Самитот на лидери за климатски промени.
Вучиќ изјави дека косовскиот премиер Курти инсистира исклучиво на признавањето на независноста на Косово како услов за одржување на избори.
„Мораме да го признаеме Косово за Србите да учествуваат на изборите. .. Ништо повеќе и ништо помалку. И сите во Србија и во Европа го знаат тоа. Добро е што ќе реагираат на тоа, но ние нема да добиеме било што од таа реакција“, рече Вучиќ.