https://www.facebook.com/photo.php?fbid=798646978515117&set=pb.100051094670379.-2207520000.&type=3

15.12.2023 Скопје

Вчеравечер, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека прогресивците имале најчиста кампања бидејќи не навредиле никого.

Како што рече, дошле пред граѓаните со програма, планови и ветувања.

Вучиќ изјави дека кампањата што ја воделе била многу добра и дека е задоволен.

„Задоволни, затоа што дадовме се од себе, имавме најпозитивна кампања, не навредивме никого, ниту бркавме нечие семејство, туку излеговме со нашите ветувања, план и програма какви ќе бидат пензиите и платите – пензија 650 евра, а платите 1.400 евра. За тоа зборувавме на овие патувања“, изјави Вучиќ.

Вучиќ рече дека опозицијата тврди и дека многу почитувани јавни личности кои ја поддржале листата „Србија не сме да стане“ тоа го направиле од некаков интерес и побара од оние што го кажале тоа да кажат за каков интерес.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author