28.12.2023 Скопје
Претседателот Александар Вучиќ најави дека вредноста на бесплатните туристички ваучери за летување во Србија ќе се зголеми од 5.000 на 10.000 динари и дека ќе бидат поделени 100.000 ваучери, како и досега.
„Ова е одлична вест за нашите пензионери и невработени, како и за луѓето со нешто поскромни примања. Сега веќе нема да одиме со 100.000 ваучери од 5.000 динари, туку ќе ја зголемиме вредноста на ваучерите на 10.000 динари“, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека нашите граѓани ќе можат да го користат во некоја од нашите бањи и други туристички центри.
„Од Сокобања, Врњачка бања, Пролом бања, Луковска, Куршумлија бања, Златибор и сите други наши прекрасни места во Србија“, рече Вучиќ.
Подготвено од А.Ѓ.