vuchikj

19.12.2023 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека изборите се резултат на кампањата, претходната работа, но и она што им било понудено на граѓаните.

Тој вели дека граѓаните од Република Српска имаат право да гласаат во Белград врз основа на законот за двојно државјанство кој е донесен, како што наведува, кога на власт биле оние кои сега го критикуваат.

„Тогаш почнуваат лов против нашиот народ, затоа што претпоставувам дека не им се допаѓа политичката ориентација на тие луѓе, иако секако се работи за минорен број на гласови“, додаде Вучиќ.

Александар Вучиќ изјави дека листата на Српската напредна странка на изборите добила нешто помалку од два милиони гласови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author