nole

05.12.2023 Скопје

Започна нова недела, а со неа и нова недела од владеењето на Ѓоковиќ на тенискиот трон. Ѓоковиќ сигурно владее со врвот на тенисот, но оваа недела е сепак малку поспецијална од претходната или барем во овој момент од оние кои допрва доаѓаат.

Имено, Ѓоковиќ, како што е веќе познато, на првото место ја започна својата 402-ра недела.

Меѓутоа, зошто се крена толкава прашина околу оваа недела?

Па, тајната е во ова – Ѓоковиќ има точно 100 недели повеќе поминати на првото место од сите други активни играчи, кои во одреден момент беа на врвот, заедно.

Рафаел Надал има 209 на својата „висина“, Енди Мари беше најдобар 41 недела, Карлос Алкараз 36, додека Данил Медведев беше на врвот 16 недели.

Кога сето тоа ќе се собере, доаѓаме до бројка од 302 недели, што е точно 100 помалку од учинокот на Ѓоковиќ, кој само продолжува да се зголемува.

Подготвено од М.Д.

About Author