11.12.2023 Скопје
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека вработените во Министерството за внатрешни работи во текот на денот ќе го добијат надоместокот за годишен одмор за 2023 година.
Според официјалните податоци, регресот изнесува 10.000 денари за вработени во Министерството за внатрешни работи, односно бруто износ од 125.498.745 денари.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека како раководство на Министерството за внатрешни работи се обврзаа кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службеници и вработените во Министерството, со со зголемување на платите за 35% откако е на чело на Министерството за внатрешни работи и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните.
Подготвено од М.Д.