01.12.2023 Скопје
Во моментов во Скопје се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, што според специјализираната интернет страница „Iqair“ е 15 пати поголема концентрацијата на оваа честичка од годишната вредност на упаството за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација.
На листата на градови до овој момент со најзагаден воздух се најдоа Делхи и Мумбај во Индија, Лахоред и Карачи во Пакистан и Вроцлав во Полска.
Вчеравечер, „Iqair“ објави уште еден позагрижувачки податок за воздухот кој се дише во главниот град. Скопје во 21 часот се најде на 4-тото место во светот според загаденоста на воздухот, пред Скопје се само огромните градови и индустриски центри од Азија, Мумбај, Њу Делхи и Карачи.
Загаденоста ја потврдуваат и поединечните мерни станици поставени низ главниот град.
Најзагадено е во Маџир маало каде се измерени речиси 206 µг/м3 ПМ10 честички, а меѓу 150 и 200 µг/м3 се регистрираат и во центарот на градот и Општините Бутел, Гази Баба и Аеродром.
Подготвено од М.Д.