sad i kina

22.12.2023 Скопје

Клучот за развој на стабилни и одржливи односи меѓу американската и кинеската војска е Вашингтон да има „точно разбирање за Кина“, рече началникот на кинескиот генералштаб Лиу Женли во разговор со началникот на заедничкиот штаб на САД, генерал Чарлс Браун.

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека Лиу и Браун разговараа за време на видео повик во четвртокот и тоа беше прв разговор меѓу началниците на кинеската и американската војска по повеќе од една година.

Лиу рече дека вооружените сили на Кина одлучно ќе го бранат националниот суверенитет и територијалниот интегритет кога станува збор за Тајван.

Лиу посочи дека САД треба да го почитуваат суверенитетот на Кина, како и поморските права и интереси на Кина во Јужното Кинеско Море.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author