25.12.2023 Скопје
Функционерот на градот Ивано-Франковск, Назари Кишак, изјави дека во текот на неделава во сите украински градови ќе бидат поставени контролни пунктови со цел мобилизација.
„Од 28 декември ќе бидат поставени контролни пунктови во секој град и регион како дел од мобилизациските активности“, напиша Кишак во објавата на Фејсбук.
Според Кишак, на украинската армија и се потребни ротации и „родените со сребрена лажица, децата на познатите, блогерите и сите достапни ќе одат во пешадија“.
Од февруари минатата година во Украина постојано се најавува и продолжува општа мобилизација. На Украинците им е забрането да одат во странство, а повици за мобилизација се упатени во сите државни институции, улици или места на јавни собири.
Подготвено од А.Ѓ.