25.12.2023 Скопје
Утрово, Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора уапси четири лица, меѓу кои е и еден полицаец, под сомнение дека сториле кривично дело создавање криминална организација и шверц на дрога.
Специјалното државно обвинителство на Црна Гора соопшти дека по нивна наредба Специјалното полициско одделение ги има уапсено црногорските државјани М.Б., Н.Б., Н.Н. и З.К., полициски службеник, а против нив, како и против уште две лица, ќе поднесат кривична пријава, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело создавање злосторничка организација и продолжено кривично дело на неовластено производство, поседување и дистрибуција на наркотични дроги.
Државниот обвинител и портпарол на СДТ, Вукас Радоњиќ, соопшти дека од доказите собрани од Специјалното државно обвинителство, во соработка со Специјалниот полициски оддел и со помош на Националната агенција за криминал на Обединетото Кралство и Агенцијата на Европската Унија во соработка со органите на прогонот, ЕВРОПОЛ, произлегува дека лицата се лишени од слобода, при што еден, кој е на издржување казна и по кој се трага, во текот на 2020 и 2021 година станале членови на криминална организација формирана за шверц на наркотични дроги, а во повеќе наврати, делувајќи како дел од криминална организација, со брод од Јужна Америка кон Европа и од Европа во Австралија прошверцувале вкупно 2.563 килограми кокаин и 59 килограми метамфетамин.
„Се претресуваат становите и другите простории на уапсените, на повеќе локации, за да се пронајдат други докази и траги за кривични дела“, додаде Радоњиќ.
Радоњиќ најави дека уапсените во законскиот рок ќе бидат спроведени во Специјалното државно обвинителство на распит како осомничени.
Подготвено од А.Ѓ.