https://www.flickr.com/photos/eu2017ee/36957321831

19.12.2023 Скопје

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров коментира дека ако Република Северна Македонија за 10 години не се интегрира во Европската унија ќе биде изгубена една цела генерација.

Тој притоа коментира и дека децата родени кога Република Северна Македонија доби кандидатски статус, веќе се полнолетни и гласаат и притоа немаат почувствувано ниту трошка напредок.

Димитров вината ја гледа во самите земји членки на ЕУ, но и во самата Европска унија „која се преправа дека нешто прави за проширувањето“, а земјите кандидати се преправаат дека нешто реформираат во својот систем, и дека крајно време е ЕУ да достави кредибилни барања и услови до земјите кандидати за членство во ЕУ.

Преспанскиот договор го отвори патот кон ЕУ за Република Северна Македонија и Албанија, но Франција стави вето и приликата беше пропуштена, бидејки Европската унија не ги исполни своите ветувања.

Димитров потенцираше и за иселувањето на младите од Република Северна Македонија кои одат во развиените европски држави се со цел полесно да најдат работа и да имаат попристоен живот со самото тоа и посигурна иднина.

Подготвено од М.Д.

About Author