15.12.2023 Скопје
Според Државниот завод за статистика и проекциите што ги планира за подолг временски период од појдовните 1.832.000 во 2022 година до 2070 година населението во Република Северна Македонија би се движело од 501.200 (константна варијанта), до 1.485.700 (варијанта без миграции).
Овие проекции се под претпоставка дека во земјава и околината ќе нема војна, ќе има стабилна политичка состојба, најкасно до 2030 година ќе станеме член од Европската унија, ќе имаме економски развој и ќе нема големи здравствени состојби. Многумина се согласни дека главните причини за иселување на граѓаните се корупцијата, но и квалитетот на живот.
Остварувањето на варијантите кај кои изостанувањето на надворешните миграции е само претпоставка и со умерено ниво на ферилитет, како и умерено и релативно ниво на смртност на населението би резултирало со минимално намалување на населението за само 346 илјади лица во однос на почетокот на проекцискиот период.
Кај останатите варијанти за пресметување на намалување на бројот на жители во Република Северна Македонија би можело да се каже дека би биле помалку изразени, но сепак интензивни, и тие изразено во бројки би биле околу 35% или од 1,8 на 1,2 милиони жители.
Подготвено од М.Д.