medziti

22.12.2023 Скопје

Министерот за здравство,Фатмир Меџити, во изјава пред новинарите кажа дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил инспекциски надзор во Клиниката за детски болести во Скопје по допрен глас од новинари, дека лек од 100.000 евра од државната клиника е администриран на дете со тешка клиничка слика кое било примено и хоспитализирано во една приватна установа во Скопје, и објасни дека станува збор за сируп кој е дониран за тешко заболеното дете и притоа не е направен никаков процедурален пропуст.

Министерот воедно нагласи и дека е во тек избор на директор на Клиниката за детски болести, која остана без директор по пензионирањето на досегашната директорка Стојка Нацева Фуштиќ, притоа кажа дека највероватно и понатаму на директорското столче во клиниката ќе седне жена.

Во врска со лекот „Трикафта“ за болните од цистична фиброза кој им е под итно потребен на пациентите, министерот кажа дека е издејствувана брза набавка на лекот за 12 пациенти, и притоа објасни дека здравството е жива материја, и дека мора постојано да се работи на пронаоѓање на системски решенија.

Подготвено од М.Д.

About Author