bozhikj vo solun

25.12.2023 Скопје

Божиќ, најубавиот период од годината според Енди Вилијамс, во некои делови од светот не е толку весел.

Имено, Божиќ е всушност нелегален во некои земји, а на луѓето им е забрането да го слават празникот поради различни правила и причини. Една таква земја е Таџикистан, каде што се забранети празнични прослави, новогодишни елки и давање подароци. Во училиштата и универзитетите е забрането дури и поставување на новогодишни елки, без разлика дали се живи или вештачки.

Слични правила важат и во Брунеи, каде што е забрането да се носат капи на Дедо Мраз или каква било облека поврзана со Божиќ. Ова правило е донесено за да се спречат „прекумерните и отворени“ прослави кои би можеле да го погодат муслиманското население.

Саудиска Арабија ги забранува сите „видливи знаци“ на божиќните забави, а прославата на Божиќ е условена од лунарниот календар, а не од Грегоријанскиот. Во Кина, иако има милиони луѓе кои го слават Божиќ, државата го нарекува „Фестивал на срамот“ и „Западен духовен опиум“, а владата се обидува да ја зачува својата традиција и да се спротивстави на влијанието на западните обичаи.

Северна Кореја, исто така, има строги правила околу Божиќ, каде прославите се ограничени на чест на семејството на Ким Џонг-ун, владејачката партија и нејзините лидери. Прославувањето на Исус Христос или Дедо Мраз може да резултира со затвор или уште посериозни последици.

Ким Џонг-ун дури наредил 24 декември да се слави како роденден на неговата баба, а прославата на Божиќ е целосно забранета. Севернокорејците ризикуваат тешки последици доколку бидат фатени на кој било божиќен собир.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author