25.12.2023 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека само во неговиот мандат пензиите пораснале за 25% во рок од година ипол и дека сега за прв пат имаме сериозна методологија за постојан раст на пензиите. Согласно зголемувањето на растот на трошоците за живот и согласно растот на просечната плата, пензиите ќе растат системски два пати во текот на една година.
„Просечната пензија е порасната за 6,5 илјади денари во однос на 2016 година и сега изнесува 21 илјада денари, додека минималната пензија е за 50 отсто поголема во однос на 2016 година и е во висина од над 13 илјади денари“, додаде Ковачевски.
Инфлацијата која беше 19 отсто е намалена за за 7 пати, и сега таа изнесува три отсто, а кај храната инфлацијата изнесува само еден процент. Мерките кои се превземени од страна на владата на Република Северна Македонија со помош на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат, успеавме да ги оствариме овие успеси, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Подготвено од М.Д.