kashlica

11.12.2023 Скопје

Хрватскиот завод за јавно здравство соопшти дека се зголемува бројот на заболени од голема кашлица во Хрватска, поголемиот број се деца, па затоа се организираат пунктови за тестирање на инфекции. Епидемиолозите препорачуваат вакцинација како најдобра заштита.

Според податоците на Хрватскиот завод за јавно здравство, во Хрватска досега од голема кашлица се разболеле 2.312 лица, повеќето во градот Загреб, а потоа и во Сплитско-Далматинската жупанија. Најголем број заболени се на возраст од 10 до 14 години.

Експертите предупредија дека ова е најголемиот број на заболени од голема кашлица на територијата на денешна Хрватска во последните 40 години. Тие, исто така, предупредија дека вакцинацијата против пертусис и други заразни болести и натаму е најефикасна заштита за новороденчињата и доенчињата, како и за постарите деца, што се спроведува според програмата за вакцинација.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author