15.12.2023 Скопје
Германските експерти за образование обвинуваат дека има недостиг на наставници.
Според новото истражување на деветтоодделенците во Германија, учениците имаат добиено лоши оценки по математика, природни науки, како и по предметот читање со разбирање.
Германскиот јазик, математиката и англискиот јазик се класифицирани како „основни предмети“ и имаат приоритет за настава. Кога нема кадар, другите предмети како што се часовите по историја се откажуваат – дури и со месеци.
Ребека, која е предметен наставник по англиски и историја, истакна дека секогаш имаат недоволно персонал, поради што училишната управа не може да ги пополни слободните места и често нејзините соработници се болни со недели или дури и месеци бидејќи се „прегорени“ од прекумерната работа.
Како резултат на сето тоа, доаѓа до намалување во наставната програма, со што некои училишта во Германија прибегнуваат кон четиридневна недела за настава.
Според најновите податоци, низ Германија се потребни уште десетици илјади наставници.
Во германскиот федерализиран систем, образованието е под надлежност на 16-те регионални покраини. Како резултат на разликите во видовите училишта, во наставните програми и оптовареноста на инструкторите се отежнуваат стандардизираните пресметки.
Тело на 16-те државни министри за образование кое се обидува да ги координира образовните политики, Конференцијата на министри за образование, проценува дека 14.000 позиции за настава со полно работно време се моментално слободни.
Ања Бенсингер-Столце од GEW истакна дека до 2035 г0дина, јазот во понудата и побарувачката на наставници ќе порасне на 56.000 позиции со полно работно време.
Студијата на GEW објавена во септември 2023 година покажува дека вкупниот број на слободни наставнички позиции во училиштата во Германија може да достигне половина милион до 2035 година. Додека пак, Заводот за статистика на Германија има пресметано дека 830.000 првачиња, кои се регистрирани во 2023 година, претставуваат најголем број деца кои започнуваат на училиште во последните 20 години.
Овој пораст се должи на повисокиот наталитет, како и поради зголемената имиграција во Германија.
Се предвидува дека ситуацијата ќе стане уште поакутна во 2026 година кога ќе стапи на сила законското право на целодневен надзор за децата од основно училиште.
Во Германија за да станете професор, потребна е универзитетска диплома, а образовните програми се финансирани од соодветните регионални држави, но образовниот степен го квалификува носителот да предава насекаде во Германиј, така што постои конкуренција меѓу државите за привлекување повеќе наставници.
Бенсингер-Столце истакна дека долги години овој систем го користеа политичарите за да ги намалат трошоците, потенцирајќи дека речиси сите регионални држави со години обучуваат помалку наставници отколку што се предвидуваше дека ќе им требаат.
Поради секојдневното зголемување на побарувачката за наставници, училиштата сè повеќе регрутираат луѓе од други професии кои немаат образовна обука.
Во меѓувреме, многу студенти ги напуштаат наставните програми поради растечката непривлечност на кариерата.
Конференцијата на министрите за образование упатија препораки за борба против недостатокот и тие препораки, според експертите, всушност може да ја влошат ситуацијата. Се претпоставува дека во иднина наставниците ќе работат се повеќе и подолго.
Препораките на Конференцијата на министрите за образование вклучуваат повеќе часови на настава и повисока возраст за пензионирање, и истите ќе ја ограничат работата со скратено работно време.
Според официјалните податоци, бројот на наставници кои избираат да работат со скратено работно време изнесува 40% од вкупниот број.
Ребека истакна дека генерално и условите за работа значително се имаат влошено во последните години и големината на часовите порасна со што наставата одзема повеќе време. Воедно, таа додаде и дека имаат се повеќе ученици од други земји на кои им треба повеќе внимание затоа што не добиваат толку голема поддршка дома.
Се додава и дека одржувањето на класната дисциплина има зазедено нов пресверт.
Синдикатот GEW подготви план од 15 точки за задржување на повеќе наставници во професијата, а истовремено правејќи ја попривлечна за другите. Планот предвидува помалку работни часови за наставниците, помали одделенија и подобри системи за здравствена заштита и поддршка.
Тие би вклучиле интердисциплинарни тимови во кои наставниците соработуваат со социјални работници, работници во дневен престој и психолози, како и преведувачи и наставници кои зборуваат на јазиците на децата мигранти.
Подготвено од А.Ѓ.