08.12.2023 Скопје
Рано утринава се слушнале експлозии во близина на американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад, а се огласиле и сирените.
Видеата на социјалните мрежи покажуваат експлозии.
Не е јасно дали се активирани системите за противвоздушна одбрана на амбасадата и дали е причинета некаква штета.
Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот утринава врз американската амбасада.
Повеќе од 70 напади се извршени врз американските сили во воените бази во Ирак и Сирија од средината на октомври, а дипломатските мисии се поштедени.
Подготвено од А.Ѓ.