САШО

19.12.2023 Скопје

Вечерва во 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ од македонскиот писател Сашо Огненовски. Романот е издание „Изида“ и ќе биде претставен од издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров и од самиот автор Сашо Огненовски.

Романот „Турнеја“ е безмилосна сатира за проблемите во театарската институција. „Уметноста е уништувана малку по малку од желните за власт псевдоинтелектуалци. Брилијантно конструираните ликови на Сашо Огненовски ги доживуваат своите лични трагедии на фонот на непрестаен распад, придружен со многу хумор и иронија“, се вели во објавата за настанот.

Сашо Огненовски (1964, Битола) е актер, режисер и писател. Дипломирал на Факултетот за театарска уметност во Скопје 1987 година. Магистер по PR и медиуми. Работел како наставник на Педагошкиот факултет во Битола. Има над 100 улоги во Народниот театар во Битола. Автор е на над 10 книги поезија, проза, драми и истражувања.

About Author