https://www.flickr.com/photos/european_parliament/49063005918/in/photolist-2hKwJk9-2hKznjZ-2hKznmT-2hKwJn8-2hKznor-2hKwJnZ-2m5FmQV-2kWAMkY-2iqfc4z-2mLA67h-2ny9jC6-2mQqhev-2m5HUbN-2jaCbkY-2jm77zM-2jN8gBW-2mKLHyB-2iqbsrX-2mLuNRT-2mLygpj-2m5KLsi-2m5F1DT-2m5HTno-2khtZ8Q-2i2qeEi-2kLP8MM-2kWxdEj-2kLJXAP-2nmdsvM-2khydsw-2khydtP-2nmkyWr-2kWABnX-2mxXAXf-2n68baJ-2iBhNGs-2iBgpwW-2kWxgsU-2ny7YTE-2iqhLU9-2ny84Gz-2iqfi8s-2kXBTAm-2iqav11-2kWBZWp-2n868nk-2kXGu2d-2kWAxRt-2mMQyfP-2jaygkX

14.12.2023 Скопје

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји изјави дека Брисел е подготвен да го забрза интегративниот процес на балканскиот регион.

„По Самитот во Тирана 2022 година, лидерите на Западен Балкан и ЕУ се среќаваат во Брисел. Како Европска комисија – подготвени сме да ги забрзаме и интегрираме шесте од Западен Балкан побрзо. Тие се веќе дел од ЕУ семејство“, објави Вархеји на „Твитер“.

Лидерите на ЕУ и балканските земји денеска ќе се сретнат во Брисел, соопшти Европскиот совет.

Самитот ќе биде можност да се потврди европската перспектива на Балканот, како и потребата од одржливи и неповратни достигнувања на полето на реформите засновани на вредностите и принципите на ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author