13.12.2023 Скопје
Конференцијата на страните на Организацијата на ОН за климатски промени (UNFCCC), попозната како COP28, денеска усвои договор за постепено укинување на фосилните горива.
За време на завршните зборови на настанот, претседателот на COP28, Султан ал-Џабер изјави дека заедно „се соочивме со реалноста и го поставивме светот во вистинската насока“, додавајќи дека договорот нуди „сеопфатен одговор“ на климатските промени.
Договорот беше склучен денеска во Дубаи по две недели тешки преговори.
Повеќе од 100 земји побараа строги правила за „постапно исфрлање“ на нафтата, гасот и јагленот да бидат вклучени во договорот COP28, но се соочија со противење од нафтената група ОПЕК предводена од Саудиска Арабија, која тврди дека светот може драстично намалување на емисиите без откажување од специфични горива.
Сега кога е постигнат договор, земјите се одговорни за постигнување на договорот преку национални политики и инвестиции.
Предложениот договор конкретно ќе повика на „поместување од фосилните горива во енергетските системи, на праведен, уреден и правичен начин… за да се постигнат нето нула емисии до 2050 година во согласност со науката“.
Исто така, повикува на тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија на глобално ниво до 2030 година, забрзувајќи ги напорите за намалување на јагленот и забрзување на технологиите како што се зафаќањето и складирањето на јаглеродот што можат да ги исчистат индустриите кои тешко се декарбонизираат.
Подготвено од А.Ѓ.