25.12.2023 Скопје
Откако украинската Влада го отфрли 7 јануари како датум за прослава на Божиќ во обид да го отстрани влијанието на Москва, многу Украинци денес за прв пат го прославуваат Божиќ на 25 декември.
Украина во јули го усвои законот за поместување на прославата на 25 декември, денот кога христијаните од католичка вероисповед го слават Божиќ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон во кој се наведува дека Украинците сакаат „да го живеат сопствениот со свои традиции и празници“. Воедно, се додава и дека тоа ќе им овозможи „да го остават зад себе руското наследство за наметнување на прославата на Божиќ на 7 јануари“.
Христијанството е најголемата религија во Украина, а Руската православна црква доминираше во верскиот живот до неодамна.
Како и Руската православна црква, источнохристијанските цркви генерално го користат јулијанскиот календар, кој датира од римско време, наместо грегоријанскиот календар што се користи во секојдневниот живот.
Промената на датумот е дел од забрзаните напори за отстранување на трагите од руското и советското влијание, како што се преименување на улиците и отстранување на споменици.
Православната црква на Украина, нова независна црква која за прв пат одржа богослужба во 2019 година, го смени датумот на Божиќ на 25 декември.
Официјално се одвои од Руската православна црква поради руската анексија на Крим во 2014 година.
Новата православна црква на Украина рапидно расте и презема неколку црковни згради поврзани со Русија со потези поддржани од владата.
Во меѓувреме, Украинската православна црква, историски поврзана со Русија, го слави Божик на 7 јануари. Иако тврди дека ги прекинала врските со Русија поради специјалната воена операција на Москва, многу Украинци на тоа гледаат со скептицизам.
Третата православна деноминација во земјата, Украинската гркокатоличка црква, на 25 декември ќе слави Божиќна миса.
Украина беше под духовно водство на Москва од 17 век.
Подготвено од А.Ѓ.