06.12.2023 Скопје
Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е уапсен.
Тој е приведен на граница, по распишана меѓународна потерница.
Засега е познат неговиот пат на движење, а тоа е Скопје-Белград-Турција.
Четиринаесетгодишното девојче Вања исчезна на 27 ноември, а неколку дена подоцна беше пронајдено убиено.
Исто така, во околината на Велес, пронајдено е телото на П.Ж (74) од Велес, чие исчезнување било пријавено на 24 ноември.
Според официјалните податоци, истите лица ги убиле и мажот и девојката.
Во притвор се осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на девојчето.
Подготвено од М.Д.