29.12.2023 Скопје
Турската валута падна на историски најниско ниво откако земјата ја зголеми минималната месечна плата за 49 отсто на приближно 520 евра, што предизвика страв од пораст на инфлацијата.
Според податоците на меѓународната берза Forex, американскиот долар во четвртокот се продаваше за 29,5 турски лири. Турција ја подигна минималната месечна плата на 17.002 турски лири (околу 520 евра) за 2024 година, објави вчера претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган на социјалната мрежа Х.
Централната банка на Турција (TCMB) во тековната прогноза наведе дека до крајот на оваа година очекува инфлација од 65 отсто.
Според прогнозата на банката, врвот на инфлацијата во Турција ќе се случи во мај 2024 година и ќе изнесува повеќе од 70 проценти пред да се стабилизира на 36 проценти на крајот на следната година, објавено е на веб-страницата TCMB.
Подготвено од А.Ѓ.