19.12.2023 Скопје
Кривата елка во Скопје привлече голем број туристи кои масовно доаѓаат да се фотографираат покрај оваа атракција.
Пред новогодишните и божиќните празници, сите градови во светот традиционално се натпреваруваат кој ќе има најубаво украсување, сепак, елката во Скопје за кратко време стана предмет на потсмев.
Оваа елка стана хит на социјалните мрежи, а многу луѓе правеа споредби со кривата кула во Пиза.
На почетокот изгледа како елката да не е целосно украсена, како да и фали дури и горниот дел, а на сето тоа е крива.
„Како народот, така и елката на плоштад: сиромашна, ужасна, грда за гледање“, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи.
„Голем број туристи од целиот свет почнаа да пристигнуваат во Скопје за да се сликаат со искривената елка. Хотелите бараат повеќе кревети“, стои во друг коментар, заедно со сатирична фотографија.
„А, ако сакате да бидете оптимисти и позитивни и да се чувствувате добро, погледнете како е Скопје. Родителите ги влечат своите деца по трговски центри да видат украсена елка“, се вели во друг коментар.
Ваква Елка нема ни на Аљи Експрес 😁#БлеснаСкупјенце ✨️ pic.twitter.com/BdnTMhUShH
— ХаНа🦋 (@HaNa_Taurus666) December 18, 2023
Кривата елка во Скопје ❤ pic.twitter.com/GTjqJ9gX3g
— 100Marki (@100deutschemark) December 18, 2023
Голем број на туристи од цел свет почнаа да пристигаат во Скопје за да се сликаат со кривата елка. Во хотелите се бара кревет повеќе pic.twitter.com/YrkiKvRoYQ
— 100Marki (@100deutschemark) December 18, 2023
Подготвено од А.Ѓ.