zlato 1

11.12.2023 Скопје

Светскиот совет за злато утврди дека централните банки продолжија да купуваат злато, со пријавени нето месечни набавки од вкупно 42 тони во октомври, истакнувајќи дека Кина и Турција имале најзначајни набавки.

Податоците од извештајот на Светскиот совет за злато покажуваат дека бројката е за 41% пониска од ревидираната сума од септември од 72 тони, но сепак е 23% над месечниот просек од 34 тони од јануари до септември.

Народната банка на Кина остана најголем купувач, известувајќи за купување на 23 тони злато во 12-тото последователно месечно зголемување на резервите. Исто така, и Централната банка на Турција направи значителен откуп во текот на месецот, купувајќи 19 тони за да ги зголеми официјалните резерви на злато (централна банка плус државни средства) на 498 тони.

Во извештајот се наведува дека Народната банка на Полска, наводно, продолжила да ги зголемува своите златни резерви, купувајќи уште шест тони. Нејзините залихи на благородниот метал годинава се зголемија за над 100 тони, на вкупно 340 тони. Резервната банка на Индија, Чешката народна банка, Народната банка на Република Киргистан и Централната банка на Катар беа други значајни купувачи во октомври.

Што се однесува до златото, во време на нестабилност, финансиски превирања и големи кризи, тоа добива на важност бидејќи долго време се смета за незаменливо богатство. Сепак, земјите во светот имаат различна политика кога се во прашање резервите на овој благороден метал.

Кина, Русија, Русија, САД, Франција, Холандија и слично инвестираат многу во злато, тргуваат со него и чуваат значителни девизни резерви во него, но има и такви кои воопшто немаат злато, како на пр. Канада.

Според податоците на Светскиот совет за злато, 13 земји во светот немаат златни резерви, а 14 земји имаат помалку од еден процент злато.

Канада, чии девизни резерви се повеќе од сто милијарди долари, нема воопшто злато, а слично е и со Норвешка, чиј БДП е да речеме 445,5 милијарди долари, а имаат многу малку злато.

Исто така, злато немаат Хрватска, Азербејџан, Костарика, Никарагва, Камерун, Ерменија, Габон, Туркменистан, Конго, Чад и Еритреја.

Наспроти нив се земјите кои веруваат во злато и имаат големи количини во нивна сопственост.

Според последните расположливи податоци од крајот на минатата година, најмногу злато во светот има САД со 8.133 тони, а потоа следат Германија со 3.355 тони, Франција со 2.436 тони, Русија со 2.299 тони, Кина со 1.948 тони и Швајцарија со 1.040 тони, Јапонија 846 тони, Индија 769 и Холандија со 612 тони. На листата на топ 20 се и Турција, Тајван, Казахстан, Португалија, Узбекистан, Саудиска Арабија, Велика Британија, Либан и Шпанија.

Според проценките на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во Турција граѓаните имаат околу 5.000 тони злато во своите домови, што е повеќе од 300 милијарди долари, а истовремено ги повикуваат своите граѓани да чуваат пари во локална валута.

За разлика од порано, кога тоа беше мерило за богатство и без кое ништо не можеше да се направи, денес златото главно се користи за финансиски инвестиции. Многу централни банки во светот го користат како покритие за националната валута или девизните резерви, иако огромното мнозинство на свесни валути денес не се врзани за резервите на злато.

Во услови на криза како што е денес, во време на голема инфлација или криза во економијата, златото се смета за многу стабилна инвестиција, што може да се види по релативното зголемување на вредноста во однос на другите средства за инвестирање.

Во економската теорија, внатрешната вредност на златото се гледа преку неговата релативна реткост и просечниот износ на напор и работа што бара неговото ископување и преработка. Токму затоа, залто нема ризик од неуспех како кај другите хартии од вредност, каде стапката на принос главно зависи од претпоставениот ризик од неуспех на учесниците на пазарот.

Експертите сметаат дека златото е профитабилна инвестиција, имајќи предвид дека во последните 50 години со осцилации расте во просек за осум отсто годишно.

Колку е ретко материјалното злато, можеби најдобро се изразува со фактот дека просечно има четири грама злато на 1.000 тони карпи во земјината кора.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author