26.12.2023 Скопје
Турскиот парламент, познат како Големото национално собрание, денес ќе расправа за протоколот за пристапување на Шведска во НАТО, се вели во соопштението на неговиот Комитет за надворешни работи.
Ќе се разговара и за 10 нацрт-закони поврзани со одобрување меѓународни договори.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпиша протоколот за пристапување на Шведска во НАТО и го достави до парламентот во октомври.
Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО веднаш откако Русија започна војна во Украина во февруари 2022 година.
Турција го одобри членството на Финска во НАТО, но рече дека чека Шведска да се придржува до трилатералниот меморандум потпишан во јуни 2022 година за да одговори на безбедносните грижи на Анкара.
Подготвено од А.Ѓ.