tramp podeleno mislenje od naselenieto

07.12.2023 Скопје

Крис Кристи, кандидатот за номинација на партијата во трката за претседател на САД, изјави дека доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп стане претседател, ќе се однесува како диктатор кој ќе им се одмазди на своите политички ривали.

Во дебата одржана во Тускалуса, Алабама, на која не присуствуваше Трамп, тој побара од другите кандидати да се решат за Трамп, што тие одбија да го сторат.

Според тамошните медиуми, кандидатите ги избегнувале повиците на Кристи да го критикуваат Трамп. Коментарите на Кристи дојдоа откако Трамп одби да ја отфрли можноста за користење на претседателските овластувања за напади врз политичките ривали. Тој вети дека нема да биде диктатор по неговото враќање на функцијата „освен првиот ден“.

Кристи сугерираше дека одбивањето на другите кандидати да го критикуваат Трамп значело дека тие имаат идни аспирации, алудирајќи на нивната потенцијална желба да се приклучат на администрацијата на Трамп.

„Нема поголем проблем во оваа трка од Доналд Трамп. Тој е лут, огорчен човек кој сега сака да се врати на претседателската функција затоа што сака да му се одмазди на секој што не се согласува со него“, рече тој.

Иако останатите кандидати не сакаа да се приклучат на критиките на Трамп, само бизнисменот Вивек Рамасвами директно застана во негова одбрана. Тој рече дека не е виновен Трамп за нападот на Капитол, кога по последните избори Трамп ги повика своите приврзаници да упаднат во Конгресот и да ги принудат претставниците да одбијат да го потврдат Џо Бајден за претседател.

„Зошто јас сум единствениот човек, барем на оваа сцена, кој може да каже дека 6 јануари изгледа како да е внатрешен заговор“, рече тој.

Во изјавата по дебатата, портпаролот на кампањата на Трамп ја нарече дебатата „најголемото губење време, пари и енергија што некогаш го видела политиката“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author