07.12.2023 Скопје
Во Црна Гора, 31,7 отсто од учениците на возраст од 13 до 18 години изјавиле дека повремено, редовно или често конзумираат алкохолни пијалоци, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за образование.
Истражувањето „Здрава култура на младите и употреба на алкохол“ е спроведено меѓу 7.524 ученици, од кои речиси половина биле вклучени во завршните одделенија од основните училишта, а останатите средношколци.
Освен оние кои признале дека консумирале алкохол, 57 отсто тврдат дека никогаш не пробале алкохолни пијалоци.
Зоран Лаловиќ, советник во Институтот за образование, рече дека 67 отсто од испитаниците веруваат дека доволно добро, па дури и многу добро ги знаат последиците од алкохолот.
„Оние кои знаат за тоа беа многу малку, 5,9 проценти, а оние што ги знаат последиците во просек беа 20 проценти“, рече Лаловиќ.
Тој истакна дека во неколку училишта, кои биле предмет на истражување, забележал дека има „два типа на паралелки каде учениците консумираат алкохол“.
Како што појасни, првиот тип се почести случаи, а поретки се оние паралелки каде 10 или повеќе ученици консумираат алкохол.
„Првите беа 15 проценти, а вторите осум“, рече Лаловиќ и нагласи дека дури 45 проценти од испитаниците „не покажуваат интерес за училишни активности“.
Оваа незаинтересираност, изјави Лаловиќ, ја намалува способноста на училиштето да влијае на ставовите и однесувањето на учениците преку образовните програми.
Подготвено од А.Ѓ.