26.12.2023 Скопје
Во „Македониумот“ во Крушево е отворена изложба од над 100 фотографии и документи за изградбата и растежот на еден од најголемите споменици за 2 Август, Денот на Илинденското востание.
Според приредувачот на изложбата, Борис Маркоски од Историскиот музеј – Крушево, изложбата е сведоштво за создавањето на „Македониумот“, фазите на изградбата, растежот и неговото значење.
Изложбата на документи и фотографии на осум паноа во „Македониумот“ во Крушево е трајна и може, едукативно, да се претстави во сите градови во земјава.
Подготвено од А.Ѓ.