09.12.2023 Скопје
Денеска, Југоисточна Австралија беше погодена од топлотен бран што го зголеми ризикот од шумски пожати и ги принуди властите да забранат палење оган во големи делови на Нов Јужен Велс.
Националната метеоролошка служба предвиде максимална температура во Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, од 40 степени Целзиусови, речиси 15 степени над просечното високо ниво во градот во декември.
На ридот Опсерваторија во центарот на Сиднеј, главниот град на Нов Јужен Велс, температурата во 13 часот во саботата била 38,9 степени, покажуваат податоците на метеоролошката служба.
Премиерот Ентони Албанес во Сиднеј рече дека „време е да се грижиме еден за друг и да останеме безбедни“.
„Денес во Сиднеј, и на други места на источниот брег, тоа е потсетник дека климатските промени не се шега“, рече Албанес.
Топлината го зголемува ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона на пожари во текот на австралиското лето од декември до февруари поради временскиот феномен Ел Нино, обично поврзан со екстремни пожари, циклони и суши.
Подготвено од А.Ѓ.