https://www.flickr.com/photos/dob4t4/4573721035/in/photolist-7YavVe-oB29TG-fHF4Ep-fHF1qR-6Mdin4-8tt7zJ-e6xTEU-e8to4h-2kpJfXD-e8jAea-saHGGQ-qr1L7-isMfCj-wG7FLx-2nD7nQS-24me7Ss-XVj7RL-bEFSdo-qbD4GQ-hvriPF-ixdQxi-ZCwTZF-2k9tmgQ-2jzXgos-Z129EZ-3wyN7V-8QNw5d-Z127nx-RD6LDX-2nGCE9g-yd47h-2hbjjNr-2k9tLXe-2ki6f77-XVj813-7pnhuo-2iVBCPe-Fs32rB-8HDnjp-wRMXAa-8MrYds-8DndeM-kF42t3-9tjc84-2jt4wAe-2iASJgs-2hMZEeN-2h9sbmh-2g3zcJm-2hYNcqU

21.12.2023 Скопје

Тојота моторс соопшти дека ќе повлече милион свои возила во САД поради дефект на сензорот што може да предизвика краток спој и да ги деактивира воздушните перничиња.

Повлекувањето опфаќа возила од 2020 до 2022 година кои вклучуваат различни модели на Avalon, Camry, Corolla, RAV4, Lexus ES250, ES300H, ES350, RKS350 Highlander и Sienna хибридите поради дефекти на сензорот.

Сензорите обезбедуваат воздушните перничиња да не се активираат доколку на предното седиште седи мало возрасно лице или дете, а дилерите ќе ги прегледаат и заменат сензорите доколку е потребно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author