28,12,2023 Скопје
Ново концертно пијано пристигна во тетовското музичко училиште,Тодор Скаловски-Тетоец, кое ке го замени старото пијано кое се користеше минатите 30 години.
Концертното пијано пристигна изутринава и со специјална механизација со кран беше пренесено од возило во концертната сала. Потоа следуваше оспособување на механиката и тестирање од страна на професорите по пијано.
Во музичкото училиште најголем интерес за изучување на инструмент е токму пијаното.
ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ заедно со паралелки во Струга има и 250 ученици за средно образование. Пијаното е произведено во компанијата која во 1853 ја основал Карл Бехштајн и од кога се прават овие инструменти во Германија.
Подготвено од М.Д.