stanoviii

12.12.2023 Скопје

Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен објави дека темни облаци се имаат надвиснато над германската станбена индустрија, бидејќи во ноември осми пат по ред се зголеми бројот на компании кои се жалат на недостаток на нарачки.

Во ноември 49,1 отсто од анкетираните компании се пожалиле на недостиг на нарачки, што е за 0,4 отсто повеќе отколку во октомври, објавено е на веб-страницата на ИФО.

На откажување на нарачките се жалат 21,5 отсто од компаниите.

„Фирмите за изградба на куќи губат голем број клиенти. Високите градежни трошоци и сегашните каматни стапки доведуваат многу градежници во очај. Многу проекти едноставно не се исплатат под овие услови и мора да се одложат или откажат“, коментира шефот на истражувањето на ИФО, Клаус Волрабе.

На финансиски проблеми се жалат 11,1 отсто од анкетираните компании, 1,2 отсто повеќе отколку во октомври.

Индексот што ги мери очекувањата на германските фирми во изградбата на станови падна на минус 54,6 поени во ноември, што е најниско од 1991 година, кога ИФО го започна ова истражување.

„Во моментов нема изгледи за подобрување на ситуацијата“, заклучи Волрабе.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author