25.12.2023 Скопје
Анализата на мерење на задоволства на корисници на ТИРЗ, која се одржува по втор пат, согласно воведените стандарди ИСО во која учествуваа триесет компании од ТИРЗ, добија просечна оцена 4,42 од можни 5. Компаниите дадоа највисока оцена за комуникацијата со вработените со 4,7.
Детално постапување по барањата е оценето со 4,3, додека брзината по постапување на барањата добиена е просечна оцена 4,2 , додека пак за навремено споделување на информациите и точноста на информациите кои ги дава институцијата како и за значење, вештини и способноста на вработените, добиена е оцена 4,4.
Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, вели дека е задоволен од добиените оценки, потенцирајки дека секогаш може подобро. Тој вели и дека е воведена нова организациска структура, и се вклучени нови млади луѓе и енергија. Следуваат нови идеи во 2024 година, кои ТИРЗ ќе ги качат на едно повисоко ниво од постоечкото.
Во рамките на Дирекцијата пред година ипол се воведени ИСО стандарди за борба против корупција и квалитет на работа со кои се дефинирани внатрешните и екстерните процедури за менаџмент, рано препознавање, разгледување и подобрување на системот за поткуп.
Подготвено од М.Д.